البحث

عبارات مقترحة:

المنان

المنّان في اللغة صيغة مبالغة على وزن (فعّال) من المَنّ وهو على...

الرفيق

كلمة (الرفيق) في اللغة صيغة مبالغة على وزن (فعيل) من الرفق، وهو...

القادر

كلمة (القادر) في اللغة اسم فاعل من القدرة، أو من التقدير، واسم...

Исламот совршената вера

المقدونية - Македонски

المؤلف محمد الأمين الشنقيطي ، طلحة كورتيشي
القسم كتب وأبحاث
النوع نصي
اللغة المقدونية - Македонски
المفردات الدعوة إلى الإسلام - عموم الدين الإسلامي
Оваа книга зборови за десет примери и големи прашања кои се оска на човечкото постоење на овој свет и истите се клучни за животот на сегашниот и идниот свет. За овие прашања зборува преку следниве теми: Исламскиот монотеизам т.е. верувањето во единиот вистински Бог – Аллах. Советот, опомената и потсетувањето. Разликата помеѓу добрите и лошите дела. Судење според друг неисламски закон. Социјалните услови на општеството Економијата Политиката Проблемот на немуслиманската доминација врз муслиманите Проблемот на муслиманската слабост и неспособност, во бројност и подготвеност, да им се спротивстават на непријателите Проблемот на поделеноста и неслогата помеѓу срцата

التفاصيل

ИСЛАМОТ СОВРШЕНАТА ВЕРА Вовед 1. Ет Тевхид (исламски монотеизам) 2. Советот, опомената и потсетувањето 3. Разликата помеѓу добрите и лошите дела 4. Судење според друг неисламски закон 5. Социјалните услови на општеството 6. Економија 7. Политика 8. Проблемот на немуслиманската доминација врз муслиманите 9.Проблемот на муслиманската слабост, во број и подготвеност, споредено со немуслиманите 10. Проблемот на поделеноста и неслогата помеѓу срцата Заклучок: ИСЛАМОТ СОВРШЕНАТА ВЕРААвтор: Мухамед Ел Емин ибн Мухамед Ел Мухтар Еш Шенкити—™Превод: м-р Амел КуртишиРедакција: Рамадан БанушевЈазична редакција: Фатмир Ковач ВоведВо името на Аллах, Сомилосниот, МилостивиотБлагодарноста му припаѓа на Аллах ﷻ, Господарот на световите, Божјиот благослов и мир нека се со нашиот пратеник Мухамед ﷺ, со неговото семејство, придружниците и сите оние што повикуваат во она во што и тој повикувал, до Судниот ден.И потоа велам:Ова е предавањето кое го одржав во џамијата на Божјиот пратеник ﷺ со барање на кралот на Мароко, кое потоа некои браќа побараа да го запишам и да го издадам. Позитивно одговорив на нивното барања со надеж дека истото ќе им биде од полза.Возвишениот Аллах ﷻ вели: „Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маида, 3)Денот спомнат во овој пасус е денот на Арафат, петокот од прошталниот аџилак на Божјиот пратеник ﷺ. Овој ајет[1] е објавен додека Божјиот пратеник ﷺ престојувал на Арафат, во втората половина на денот и по објавата на овој ајет Божјиот пратеник живеел уште осумдесет и еден ден.Возвишениот Бог во овој благороден курански пасус тврди дека Тој за нас ја усовршил нашата вера. Поради таа причина ништо од неа никогаш нема да биде одземено, ниту пак ќе има потреба нешто да ѝ се додаде. Поради оваа причина праќањето Божји пратеници, Аллаховиот мир и спас нека е врз сите нив, завршува со Мухамед ﷺ, како печат на сите објави и последен од сите пратеници.Како дополнување на ова, Аллах ﷻ вели дека Тој е задоволен исламот да биде наша вера и дека ништо нема да биде причина Тој (некогаш) да биде незадоволен од таа вера. Поради оваа причина Тој јасно ќе каже дека од никого не прифаќа исповедање на друга вера освен исламот. Тој вели:„А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците. “ (Али Имран, 85)Во друг Курански цитат Тој вели:„За Аллах единствено исламот е вистинска вера.“ (Али Имран, 19)Поради ова, потполнувањето на верата и јасното објаснување на нејзините прописи се основа на благосостојбата на двата света. Поради ова Аллах ﷻ вели:„... и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив...“ (Ел Маида, 3) Овој Курански пасус е јасен доказ дека исламот како вера го појаснил и детално го објаснил сето она за кое луѓето имаат потреба на обата света. За да го докажеме ова ќе зборуваме за десет примери и големи прашања кои се оска на човечкото постоење на овој свет и истите се клучни за животот на сегашниот и идниот свет. За еден дел од овие прашања ќе укажеме и на останатите, преку примери:Исламскиот монотеизам т.е. верувањето во единиот вистински Бог – Аллах.Советот, опомената и потсетувањето. Разликата помеѓу добрите и лошите дела.Судење според друг неисламски закон.Социјалните услови на општествотоЕкономијатаПолитикатаПроблемот на немуслиманската доминација врз муслиманитеПроблемот на муслиманската слабост и неспособност, во бројност и подготвеност, да им се спротивстават на непријателитеПроблемот на поделеноста и неслогата помеѓу срцата Решението на овие проблеми и нивното третирање ќе го објасниме преку Куранот, надоврзувајќи се брзо и кратко на решенијата кои ги дава Божјата книга, при тоа укажувајќи дека за сите прашања решението е во Куранот. 1. Ет Тевхид (исламски монотеизам)Внимателното и потполно проучување на Куранот нè доведува до сознанието дека тевхидот е поделен на три категории:Тевхидур Рубубије (Аллаховото едноштво во создавањето, владеењето и управувањето)Овој вид на монотеизам е дел од здравото размислување кон кое човештвото е природно наклонето. Аллах ﷻ вели:„А ако ги запрашаш кој ги создаде нив, сигурно ќе речат: „Аллах!“ (Ез Зуруф, 87)Тој исто така вели:„Запрашај: ,Кој ве храни од небото и од земјата, чие дело се слухот и видот, кој го создава живото од неживото, а го претвора живото во неживо, и кој управува со сѐ?' – ,Аллах!', ќе кажат тие, а ти кажи: ,Па зошто тогаш не се плашите од Него?'“ (Јунус, 31) Цитати како овие се бројни, додека пак негирањето на фараонот на оваа категорија на монотеизам, а кое е спомнато во овој пасус:„,А кој е Господарот на световите?' – запраша фараонот.“ (Еш Шуара, 23)...е поради неговото игнорирање и ароганција на која укажува следниот курански пасус:„Ти добро знаеш дека ова не го дал никој друг туку Господарот на небесата и на Земјата, како јасни знаци...“ (Ел Исра, 102)За ова Возвишениот Бог ќе каже:„И тие, неправедни и арогантни, ги негираа, но во себе веруваа дека се вистински, па погледни како завршија интригантите.“ (Ен Немл, 14)Поради оваа причина Куранот, кога зборува за оваа категорија на Аллаховото едноштво, користи реторичките прашања, како на пример: „Зарем може да се сомнева во Аллах!?“ (Ибрахим, 10)На ист начин Возвишениот Бог ќе рече:„Кажи: ,Зарем за Господар да барам некој друг освен Аллах, кога Тој е Господар на сè?'“ (Ел Енам, 164)Во друг дел тој вели:„Кажи: ,Кој е Господар на небесата и Земјата?' – и одговори: ,Аллах!'“ (Ер Рад, 16)Бројни се цитатите слични на овие, преку реторички прашања[2], затоа што оваа категорија на тевхидот, дека Бог е Господар, е прифатена кај мнозинството.Меѓутоа, оваа категорија на тевхидот не им користи на неверниците, затоа што тие ова едноштво не го потврдиле и преку богослужение (ибадет) и покорност на Бога. За ова Аллах ﷻ вели: „Повеќето од нив не веруваат во Аллах, туку на Него здруженици Му припишуваат.“ (Јусуф, 106)Во други пасуси од Куранот Аллах ﷻ го пренесува она кое многубошците го велат:„Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах“ (Ез Зумер, 3)„...и велат: ,Ова се нашите заземачи кај Аллах.' Кажи: ,Како тоа на Аллах да Му кажувате дека на небесата и на Земјата постои нешто, а Тој знае дека не постои?!'“ (Јунус, 18)Тевхидул Улухије (Аллахово едноштво во покорност и богослужение)Овој аспект на тевхидот бил причина за сите судири помеѓу Божјите пратеници p и нивните народи. Столбот на нивните мисии било реализирањето на овој вид на тевхид.Суштината на овој вид на тевхид е осознавање на значењето на изјавата „Нема божество (вредно за обожување) освен Аллах“, која има две основи – негација и потврда, негација на сите лажни божества и потврда дека единствен достоен за обожување е АллахРазбирањето на делот на негација се состои од негирање и отфрлање на сите работи, предмет на обожување, освен Аллах и негирање на сите форми на обожување.Рабирањето на потврдниот дел се однесува на потврда на обожувањето на единиот Бог, кој нема здруженик, преку форми на обожување, пропишани, одредени и наредени од Аллах ﷻ. Најголемиот дел на Куранот се однесува на овој вид на тевхид:„Ние на секој народ Пратеник му испративме: ,Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот![3]'“ (Ен Нахл, 36)„Пред тебе ниту еден Пратеник не испративме, а да не му објавевме: ,Нема бог освен Мене, затоа Мене обожувајте Ме!'“ (Ел Енбија, 25)„Тој што не верува во тагутот, а верува во Аллах, се држи за најцврстата врска, којашто нема да се прекине!“ (Ел Бекаре, 256)„Погледни во одредбите објавени на Пратениците Наши, кои пред тебе ги праќавме, дали наредивме, покрај Семилосниот, да се обожуваат други божества.“ (Ез Зухруф, 45)„Кажи: .Мене ми се објавува дека вашиот Бог е Еден Бог, па дали вие сте муслимани!'“ (Ел Енбија, 108)И многу други делови од Куранот зборуваат за оваа тема.Тевхидул Есмаи вес Сифат (Аллаховото едноштво од аспект на неговите имиња и атрибути)Овој вид на тевхид има две основи, како што тоа ни го објаснил Аллах ﷻ:Прва основа: Негирање на било каква можност Божјите атрибути да се слични на атрибутите на нешто што е создадено.Втора основа: Верување и цврста убеденост во сѐ она со кое Бог се опишал Самиот себеси или Го опишал Неговиот пратеник ﷺ, потврдувајќи го тоа буквално (доследно на јазичкото значење) а не метафорички, затоа што тој опис соодветсвува на Неговото Совршенство и Возвишеност. Факт е дека никој нема повеќе знаење за да го опише Бога освен Бог самиот, и дека по Аллах ﷻ никој нема повеќе знаење и не може подобро да го опише Бога освен Божјиот пратеник ﷺ. Аллах ﷻ вели:„Знаете ли подобро вие или Аллах?“ (Ел Бекаре, 140)За Својот пратеник, Тој ќе каже: „Тој не зборува своеглаво. Тоа е само Објавата која што му се доставува.“ (Ен Неџм, 3-4)Бог појаснил дека ништо потполно не му е слично велејќи:„Ништо Нему не му е слично!“ (Еш Шура, 11)... а потврдувањето на Своите атрибути, доследно на јазичкото значење, го појаснил во овој Курански ајет: „Тој сѐ слуша и сѐ гледа.“ (Еш Шура, 11)Првиот дел на овој Курански пасус недвосмислено укажува на обврската да се негира поистоветувањето на Аллаховите атрибути со тие на нешто што е создадено и истите да се потврдуваат, соодветно на нивното значење во арапскиот јазик, без негирање, споредување и поистоветување. Аллах ﷻ укажува на неможност на создадените во потполност да го опфатат Бога:„Тој знае што правеле и што ги чека, а тие со знаењето не можат Него да Го опфатат.“ (Та Ха, 110) 2. Советот, опомената и потсетувањетоУчените се едногласно сложни дека Аллах ﷻ, од небото на земјата не спуштил поголем советник и подобар опоменувач од човековата свест за Аллаховиот надзор и неговата свесност за апсолутноста на Божјото знаење. Тоа значи дека човек би требал да има на ум дека Аллах го гледа и следи и дека го знае она што го крие и она што јавно го покажува.Навистина Аллаховото знаење, следење и информираност за луѓето е апсолутна, безгранична. Тој е жесток, строг и одлучен кога казнува. Неговите граници на овој свет се Неговите прописи и забрани.Кога поданиците на некој крал би се разбудиле свесни дека нивниот владетел го знае сето она кое тие во текот на ноќта го направиле, би спиеле секогаш во страв и би ги оставиле сите гревови, поради нивниот страв од владетелот. Ова е само пример, а Аллах ﷻ е високо над секоја споредба.Бог јасно ја искажал целта и мудроста на создавањето, а најважна е (создадените) да се стават на тест и искушение „За да ги искушаме луѓето кој од нив подобро ќе постапува.“ (Ел Кехф, 7)Тој исто така на почетокот на поглавјето Худ вели:„Тој во шест временски периоди небесата и Земјата ги создаде, а Неговиот престол беше над водата, за да ве искуша кој од вас подобро ќе постапи.“ (Худ, 7)Аллах ﷻ не рекол : "...кој од вас ќе има повеќе дела."Во поглавјето Ел Мулк Аллах ﷻ вели:„Тој што ги даде смртта и животот за да ве искуша кој од вас подобро ќе постапува; Тој е Силниот, Тој што простува.“ (Ел Мулк, 2)Овие два дела на Благородниот Куран, го појаснуваат значењето на следниов ајет:„Џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез Заријат, 56)Создадени се и мудроста од нивното создавање е спомнатиот тест.Мелекот Џебраил, сакајќи на човештвото да му го појасни патот на успехот на овој испит и тест, го прашал Божјиот пратеник ﷺ: Информирај ме што е ихсанот? Т.е. таа работа поради која луѓето ќе бидат ставени на тест. На ова прашање Божјиот пратеник ﷺ одговорил велејќи дека патот кон ихсанот е во основа овој голем советник и најдобар опоменувач:Одговорил: „Ихсан е да го обожуваш Бога како да го гледаш, па ако ти не можеш да го видиш знај дека тој тебе те гледа.“ (Мутефекун алејхи)Нема да свртите ниту една страница од Куранот а во неа да не го најдете спомнувањето на овој голем советник: „Ние го создаваме човекот и знаеме душата негова што му шепоти, бидејќи Ние сме му поблиски од вратната вена. Кога двајца ќе се сретнат и ќе седнат едниот од десната, а другиот од левата страна, тој нема да изусти ни еден збор, а покрај него да не е присутен тој што бдее.“ (Каф, 16-18)„и ќе им изложиме сè што знаеме веродостојно за нив, бидејќи Ние не бевме отсутни.“ (Ел Араф, 7)„И што и да правиш, и што и да кажуваш од Куранот, и каква било работа да правите, Ние над вас ќе бдееме, сè додека со тоа се занимавате. На Господарот твој ништо не Му е скриено ни на Земјата ни на небото, ни колку една трунка, и не постои ништо, ни помало ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна.“ (Јунус, 61)„Ете, тие своите гради ги вртат, со желба од Него да се скријат. А и кога во рувото свое се замотуваат, Тој го знае тоа што го кријат и тоа што го покажуваат! Тој навистина го знае она што го кријат градите нивни.“ (Худ, 5)И многу слични пасуси од Куранот. 3. Разликата помеѓу добрите и лошите делаБлагородниот Куран појаснил дека за добро се смета она дело кое исполнило три услови. Доколку недостасува еден од овие три услови, таквото дело на Судниот ден не му користи на неговиот вршител.• Првиот услов е делото да биде во согласност со она со кое дошол Божјиот пратеник ﷺ, затоа што Аллах ﷻ вели:„...тоа што Пратеникот ќе ви го даде – земете го, а тоа што ќе ви го забрани – оставете го.“ (Ел Хашр, 7)„Кој ќе му се покори на Пратеникот, Му се покорил и на Аллах.“ (Ен Ниса, 80) „Кажи: ,Ако Аллах Го сакате, тогаш мене следете ме, и вас Аллах ќе ве сака и гревовите ќе ви ги прости!'“ (Али Имран, 31)„Зарем тие имаат божества кои им пропишуваат да веруваат тоа што Аллах не им го наредил?“ (Еш Шура, 21)„Кажи: ,Дали тоа Аллах ви го дозволил или изнесувате лаги за Аллах?'“ (Јунус, 59)• Вториот услов е делото да биде искрено во име на Возвишениот Аллах, кој вели:„а наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат...“ (Ел Бејјине, 5)„Кажи: ,Мене ми се наредува Аллах да Го обожувам искрено исповедајќи Му ја верата и ми се наредува да бидам првиот муслиман.' Кажи: ,Јас се плашам од страдањето на Големиот ден, ако Му бидам непослушен на Господарот Свој.' Кажи: ,Само Аллах Го обожувам искрено исповедајќи Му ја верата своја, а вие, покрај Него, обожувајте кого сакате!'“ (Ез Зумер, 11-15)• Третиот услов е делото да биде втемелено врз исправно верување (акиде), затоа што делата се изградени врз темелите додека верувањето е слично на темелот на една градба. Аллах ﷻ вели:„а тој што прави добро, било да е маж или жена, а верник е, ќе влезе во џеннетот и нема да му се направи неправда.“ (Ен Ниса, 124)Влегувањето во џеннетот Аллах ﷻ го ограничил со зборовите „а верник е“, додека за невеникот ќе каже :„И Ние ќе пристапиме кон делата нивни кои ги правеле, и во прав и пепел ќе ги претвориме.“ (Ел Фуркан, 23)Семоќниот Господар исто така вели::„Нив на оној свет само оган ќе ги гори; таму нема да имаат никаква награда за тоа што на Земјата го правеле и залудно ќе им биде сѐ што направиле.“ (Худ, 16)Постојат и други слични пасуси во Благородниот Куран. 4. Судење според друг неисламски законКуранот недвосмислено истакнал дека судењето со други неисламски закони е јасно неверство и форма на многубоштво.Кога ѓаволот ги инспирирал неверниците во Мека да го прашаат Божјиот пратеник ﷺ за овцата која пцовисала: „Кој ја убил?“ На тоа Божјиот пратеник ﷺ одговорил дека Аллах ﷻ е причината за нејзината смрт. Тогаш ѓаволот повторно ги инспирирал на Божјиот пратеник ﷺ да му речат: „Тоа што вие со свои раце го убивате велите дека е халал (дозволено) а она кое угинува со Аллахова одредба велите дека е харам (недозволено)?! Тогаш вие сте подобри од Аллах[4]ﷻ. Со овој повод Аллах Мудриот го објави следниот ајет:„А шејтаните ги наведуваат штитениците свои да се расправаат со вас, па кога би им се покориле, и вие, сигурно, многубошци би станале.“ (Ел Енам, 121)Божјата заклетва спомната во овој ајет укажува дека секој оној кој ќе му се покори на шејтанот и ќе каже дека пцовисано животно е дозволено да се јаде станува многубожец. Се работи за голем ширк (многубоштво) отпадништво од верата, таквите (вршителите на тој грев) Аллах ﷻ жестоко ќе ги укори на Судниот ден со зборовите:„О синови Адемови, зарем не ви наредив: ,Не го обожувајте шејтанот, тој ви е отворен непријател, туку обожувајте Ме Мене; тоа е Вистинскиот пат.'“ (Јасин, 60-61)За својот одбраник и миленик Ибрахим u Возвишениот Аллах ﷻ вели:„О, татко мој, не покорувај му се на шејтанот...“ (Мерјем 44)Преку покорувањето на шејтанот во она што тој го поттикнува од неверувањето и гревовите.Исто така Возвишениот Бог вели:„Тие, покрај Аллах, на женски кипови им се клањаат, а не му се клањаат на никој друг туку на шејтанот – бунтовникот!“ (Ен Ниса, 117)...што значи дека тие преку почитувањето на прописите кои ги пропишал во основа го обожуваат проклетиот ѓавол (шејтанот).Возвишениот исто така вели:„На голем број многубошци, така исто, шејтаните нивни, убивањето на сопствените деца им го разубавија...“ (Ел Енам, 137)Ѓаволите кои ги поттикнаа многубошците да ги убиваат своите деца, во овој ајет Аллах ﷻ ги нарекува нивни ортаци затоа што тие (многубошците) им се покориле на шејтаните во ова дело. Кога Адиј ибн Хатим t го прашал Божјиот пратеник ﷺ за значењето на овој стих (ајет):„Тие, покрај Аллах, за божества ги сметаат свештениците свои, и монасите свои...“ (Ет Теубе, 31)Божјиот пратеник ﷺ му одговорил дека сметањето на (свештениците и монасите) за божества е покорноста кон нив во забранувањето на она што Аллах ﷻ го дозволил и дозволувањето на она што Аллах ﷻ го забранил, и околу ова прашање нема несогласување:„Зарем не ги гледаш тие што тврдат дека веруваат во тоа што ти се објавува тебе и во тоа што е објавено пред тебе, како сакаат пред тагутот да им се суди, иако им е наредено да не веруваат во него? А шејтанот сака само во голема заблуда да ги наведе!“ (Ен Ниса, 60)„А тие што не судат според тоа што Аллах го објавил, тие се вистински неверници!“ (Ел Маида, 44)„,Зошто покрај Аллах да барам друг судија, кога Тој ви ја објавува Книгата во детали?'“ А тие на кои што Ние им ја дадовме Книгата, добро знаат дека Куранот го објавува Господарот твој, со Вистината, затоа ти никако не се сомневај!“ (Ел Енам, 114)„Зборовите на Господарот твој се врв на вистината и правдата; Неговите зборoви никој не може да ги измени и Тој сѐ слуша и сѐ знае.“ (Ел Енам, 115)Вистината се однесува на она за кое не информирал, а правдата е својство на Неговите пресуди и прописи.„Зарем тие да бараат како во паганско време да им се суди? А кој е подобар судија од Аллах на народ кој цврсто верува?“ (Ел Маида, 50) 5. Социјалните услови на општествотоЗа оваа тема Благородниот Куран дава насоки кои се доволни да се изгасне жедта и да се осветли патот. Да видиме што му наредува Аллах ﷻ на големиот владетел во однос на неговото општество„...и биди љубезен кон верниците кои те следат!“ (Еш Шуара, 215)„Со Аллаховата милост ти си благ кон нив. А да си груб и со тврдо срце, би се разбегале од твојата близина. Затоа простувај им и моли да им биде простено, и договарај се со нив!“ (Али Имран, 159)Да видиме што му наредува Бог на комплетното општество како должност кон владетелот:„О, верници, покорувајте Му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот и на вашите претпоставени.“ (Ен Ниса, 59)И повторно да видиме што Бог му наредува на човекот во неговото посебно општество, поврзано со неговите деца, сопруга...: „О, вие кои верувате, себеси и семејствата свои вардете ги од Огнот чиешто гориво луѓето и камењата ќе бидат, и за кој строги и силни мелеци ќе се грижат, коишто на тоа што Аллах ќе им го заповеда нема да бидат непослушни, и кои тоа што ќе им се нареди ќе го извршат.“ (Ет Тахрим, 6)А сега да видиме како Аллах ﷻ му укажува на човека да биде внимателен и одлучен во неговото мало општество. Му наредува доколку забележи нешто недолично, да прости и да премине преку грешките. А на почетокот му наредил да биде внимателен и одлучен:„О, верници, меѓу жените ваши и децата ваши, навистина, имате непријател, па внимавајте на нив! Па поминете преку тоа, и примете го оправдувањето, и простете, па и Аллах простува и Милостив е.“ (Ет Тегабун, 14)Исто така да видиме како Возвишениот Создател им наредува на поединците да се однесуваат едни кон други:„Аллах бара да се почитува сечие право, да се прави добро, и на блиските да им се дава, а развратот и сè што е лошо и одвратно и насилството го забранува; да примите поука, Тој ве советува.“ (Ен Нахл. 90)„О, верници, чувајте се од многу сомнежи, некои сомнежи се навистина грев. И не шпионирајте се едни со други и не озборувајте се едни со други!“ (Ел Хуџурат, 12)„О, верници, мажите едни на други нека не им се потсмеваат, можеби едните се подобри од нив, а ниту жените на други жени, можеби тие се подобри од нив. И не прекорувајте се едни со други и не нарекувајте се едни со други со грди прекари! О, колку е грдо грешничкото име по верувањето! А тие што нема да се покајат – самите на себеси неправда си чинат.“ (Ел Хуџурат, 11)„Едни на други помагајте си во добродетелството и во богобојазноста, а не соучествувајте во гревот и непријателството.“ (Ел Маида, 2)Возвишениот Бог вели:„Навистина, верниците се само браќа...“ (Ел Хуџурат, 10)„...и кои за работите свои се договараат...“ (Еш Шура, 38) Реалност е дека во секоја заедница има конфликти. Со таа состојба се соочува речиси секоја индивидуа, било да се работи за човек или за џин. Секој има свој опонент или непријател кој му противречи и го напаѓа, а тоа го велат и овие стихови на една поема :„Нема човек на кого нема некој да му се спротивстави, па дури и на врвот од планината ако се осами...“Па затоа секоја индивидуа има потреба од лекот за оваа опака болест, лек кој Возвишениот Господар го спомнал на три места во Куранот.Тој ни разјаснил дека лекот за човечкото непријателство е да се прејде преку неговите грешки и на лошото да врати со добро.За заштита од злото на шејтаните џинни, Тој ﷻ ни пропишал да бараме заштита од нивното зло при Бога.За заштита од злото на луѓето при крајот на поглавјето Ел Араф Аллах ﷻ вели:„Ти простувај! Барај да се прават добри дела, а од незналците стој понастрана!“ (Ел Араф, 199)А за заштитата од злото на шејтаните џинни Господарот на световите вели:„А ако шејтанот настојува да те натера на зло, ти побарај прибежиште кај Аллах, Тој навистина сè слуша и знае.“ (Ел Араф, 200)На второто место во поглавјето Ел Муминун, Создателот вели:„Ти со добро возврати му на злото, Ние добро знаеме што изнесуваат тие“ (Ел Муминун, 96)А за заштита од џинните шејтани:„И кажи: ,Јас Тебе, Господару мој, Ти се обраќам за заштита од шејтанските дошепнувања, и Тебе, Господару мој, Ти се обраќам да ме заштитиш од нивното присуство.'“ (Ел Муминун, 97-98)Во Поглавјето Ел Фуссилет, третото место каде се зборува на оваа темa, Возвишениот Господар вели дека овој небесен лек ја прекинува и лекува оваа шејтанска болест, но вели дека истиот не му е даден секому (за него не се свесни многумина), и дека од него корист имаат трпеливите и среќниците:„Доброто и злото не се исто! На злото возврати му со добро, па непријателот твој одеднаш близок пријател ќе ти стане. Тоа можат да го постигнат само стрпливите; тоа можат да го постигнат само многу среќните.“ (Ел Фусилет, 34-35)А за џинните вели:„А кога шејтанот ќе се обиде на зли мисли да те наведе, ти побарај заштита кај Аллах, бидејќи Тој, навистина, сѐ слуша и сѐ знае.“ (Ел Фусилет, 34-35)Возвишениот Бог појаснува дека благоста и нежноста се однесуваат исклучително во односот кон верниците а гордоста треба да се истакнува кон неверниците, и ќе рече:„...па Аллах сигурно наместо нив ќе доведе луѓе кои Тој ги сака и кои Него Го сакаат, понизни кон верниците, а горди кон неверниците;“ (Ел Маиде, 54)„Мухамед е Аллахов Пратеник, а неговите следбеници се строги кон неверниците, а сомилосни меѓу себе...“ (Ел Фетх, 29)Строгоста кога треба да бидеме благи е глупост и недостаток на мудрост, а благоста кога треба да се покаже строгост е слабост и немоќ.Колку убаво вели поетот: „Кога ќе се спомне благоста кажи и таа има свое место но благоста на погрешно место, големо незнаење е.“ 6. ЕкономијаКуранот ги поставил темелите на економијата и сите сфери на економијата потпаѓаат под овие темели. Причината за ова е фактот дека сите теми на економијата се надградба на овие два основни концептa:– Соодветната заработка на пари и имот– Содветниот метод на трошење и неговата целисходност.Да видиме како Аллах ﷻ ги отворил патиштата на заработка на пари на начини кои не се во конфронтација со етиката и приципите на религијата. Осветлувајќи ни го тој пат, Тој ќе рече:„А кога намазот ќе се изврши, тогаш по земјата раштркајте се и Аллаховата благодат барајте ја и Аллах многу споменувајте Го, за да го постигнете тоа што го сакате.“ (Ел Џума, 10) „...а и такви кои што по светот ќе патуваат и Аллаховите благодати ќе ги бараат...“ (Ел Муземмил, 20)„Не ви е грев од Господарот свој да барате некое добро...“ (Ел Бекаре, 198)„О, верници, едни од други на недозволен начин имотите не присвојувајте ги, освен со трговија и со взаемна согласност...“ (Ен Ниса, 29)„А Аллах ја дозволил трговијата...“ (Ел Бекаре, 275)„Сега јадете од тоа што го запленивте, како допуштено и убаво...“ (Ел Енфал, 69)За оваа тема зборуваат и други ајети.Да видиме и како Возвишениот Господар ﷻ наредува умереност и при трошење:„Не држи ја раката своја стисната, а ни сосема отворена...“ (Ел Исра, 29)„и тие кои, кога даваат, не се расфрлаат и не се скржави, туку при тоа се држат до средината;“ (Ел Фуркан, 67)„И те прашуваат што да даваат (милостина). Кажи: ,Вишокот!'“ (Ел Бекаре, 219)Во следниов ајет Аллах го забранува трошењето на пари за нешто што е недозволено:„Тие што не веруваат ги трошат имотите свои за да одвраќаат од Аллаховиот пат. Тие сигурно ќе ги потрошат, потоа заради тоа ќе жалат и на крајот победени ќе бидат.“ (Ел Енфал, 36) 7. ПолитикаАллаховата книга јасно ги предочила основите на политиката, ги појаснила нејзините карактеристи и ги дефинирала нејзините патишта. Самиот збор Сијасе (политика) е инфинитив од глаголот „сасе-јесусу“ и значи регулирање на нештата и управување со истите.Политиката се дели на две категории: надворешна и внатрешна.Надворешната политика има два основни темела:а. Подготовка и обезбедување на доволна сила и моќ за одбрана од непријателот и за негово сузбивање и пораз. За овој темел Возвишениот Господар вели: „И против нив подгответе колку што можете сила и коњи за бој, за со тоа да ги заплашите Аллаховите и ваши непријатели...“ (Ел Енфал, 60)б. Исправното и сеопфатното единство околу таа сила (моќ). За ова Аллах Семоќниот вели:„Сите цврсто за Аллаховото јаже држете се и никако не разединувајте се!“ (Али Имран, 103)„и не расправајте се за да не потклекнете и без борбениот дух да останете...“ (Ел Енфал, 46)Куранот детално го опишува она што следи од спогодба, примирје и почитување на договореното, доколку така налага ситуацијата. Семоќниот Создател вели:„...исполнете ги договорите до договорениот рок.“ (Ет Теубе, 4)„...сѐ додека тие се придржуваат до договорот, придржувајте се и вие...“ (Ет Теубе, 7)„Штом забележиш предавство кај некое племе, и ти нему исто така откажи му го договорот.“ (Ел Енфал, 58)„И проглас од Аллах и од Неговиот Пратеник до луѓето на денот на Големиот аџилак: ,Аллах и Неговиот Пратеник немаат ништо со многубошците!'“ (Ет Теубе, 3)Тој ни наредува и да внимаваме и да се чуваме од нивните сплетки и да им оневозможиме да искористат некоја можност да ни наштетат. Аллах ﷻ вели:„О, верници, бидете внимателни...“ (Ен Ниса, 71)„...но нека го држат оружјето свое и нека бидат внимателни! Неверниците одвај чекаат вие да го занемарите оружјето ваше...“ (Ен Ниса, 102) и многу слични ајети.Сите прашања поврзани со внатрешната политика се однесуваат на втемелување на сигурноста и безбедноста во самото општество, на спречувањето на неправдата и бранењето на правата на различните категории на граѓани.Возвишените вредности кои се средиште на заштита од страна на внатрешната политика се следниве шест:а. Верата, која со принципите и прописите на исламскиот верозакон треба да се брани и да се штити од било што со кое може да ѝ се нанесе штета.б. Човечкиот живот: Возвишениот Господар во Куранот пропишал капитална казна (смртна) за оној што неправедно одземал живот, со цел да се заштити животот како основно право на секој човек. „Во одмаздата ви е животот...“ (Ел Бекаре, 179)„О, верници! Ви се пропишува одмазда[5] за убиените...“ (Ел Бекаре, 179)„А ако некој, ни крив ни должен, е убиен, тогаш на неговиот наследник му даваме власт...“ (Ел Исра, 33)в. Разумот и интелектот: Една од целите на објавата на Куранот е заштитата на разумот и можноста за здраво расудување:„О, верници, виното, коцката, идолите и стреличките за гатање се одвратни нешта, шејтаново дело; затоа избегнувајте ги, за да постигнете што сакате.“ (Ел Маида, 90)Во еден хадис на Божјиот пратеник ﷺ се вели: „Сѐ што опива е харам (забрането) и сѐ што опива во големи количини и во мали е забрането.“ (Со овој текст го бележи авторот Ибн Маџе додека првиот дел Сѐ што опива е харам е и во збирката на имамот Ел Бухари)За да се заштити разумот и интелектот е пропишана казната за тој што конзумира алкохол.г. Родословието: За заштита на родословието и потомството исламот ја пропишал казната за блуд.„Блудникот и блудничката искамшикувајте ги со сто удари...“ (Ен Нур, 2)д. Угледот и честа: Со цел да се заштитат, пропишана е казна за тој што клевети, осумдесет камшика:„Тие што ќе обвинат чесни жени, а не го докажат тоа со четири сведоци, со осумдесет удари искамшикувајте ги...“ (Ен Нур, 4)ѓ. Имотот: За негово зачувување Аллах ﷻ пропишал казна – сечење на раката на крадецот (секако доколку се исполнат прецизните услови во праведна судска процедура)„На крадецот и на крадачката отсечете им ги рацете нивни, тоа нека им биде казна за тоа што го сториле и опомена од Аллах! А Аллах е Силниот и Мудриот!“ (Ел Маида, 38)Заради погоре спомнатото станува јасно дека следењето на Куранот е гаранција за благосостојба на општеството и заштита на внатрешните и надворешните интереси. 8. Проблемот на немуслиманската доминација врз муслиманитеОва ги збунило придружниците на Божјиот пратеник, мирот и благословот Божји нека се над него, додека тој бил во нивно присуство, а оваа нејаснотија ја отстранил Аллах ﷻ преку небесен одговор. Оваа случка е на денот на битката кај Ухуд, кога се случи она кое беше одредено а муслиманите кои беа вознемирени поради она што се случило прашале: Како е можно многубошците да триумфираат и да не надвладеат кога ние сме на патот на вистината а тие во заблуда? На овие зборови Аллах ﷻ им одговори со овој ајет:„Зарем не рековте, кога ве снајде неволјата која вие на нив двократно им ја нанесовте: ,Од каде е сега ова?!' Кажи: ,Тоа е од вас самите!'“ (Али Имран, 165)А своите зборови „Кажи: ,Тоа е од вас самите!'“ Аллах ги разјаснил во следниов Курански пасус:„Аллах веќе го потврди ветувањето Свое, кога веќе ги уништувавте, со волјата Негова, додека не го доживеавте неуспехот и за наредбата не се сложивте, и станавте непокорни, откако ви го покажа тоа што го сакате: едните од вас го сакаат овој свет, а другите оној свет! Тогаш Тој ве одвои од нив за да ве искуша!“ (Али Имран, 152)Во овој небесен одговор Аллах ﷻ ја објаснува причината за доминацијата на неверниците врз верниците, и дека причината на нивното потклекнување е несогласувањето и меѓусебната полемика, како и непокорноста кон Божјиот пратеник, мирот и благословот Божји нека се над него, изразена од некои. Фактор на пораз била и желбата да се добие што повеќе од овосветските добра, кога стрелците, на ридот во подножјето на Ухуд, а кои го бранеа грбот на муслиманите, со намера да го приберат својот воен плен на почетокот на битката, ја занемариле наредбата на Божјиот пратеник, мирот и благословот Божји нека се над него, и ја напуштиле својата положба. Биле непокорни кон Божјиот пратеник ﷺ заради желбата материјално да заработат нешто.[6] 9.Проблемот на муслиманската слабост, во број и подготвеност, споредено со немуслиманитеНавистина Аллах Возвишениот во својата книга ни разјаснил сѐ што треба да знаеме за оваа тема. Тој ﷻ објаснил дека доколку срцето манифестира искреност каква посакува Величествениот Господар, тогаш резултат на таа искреност ќе биде нивната доминација и победа дури и над оние кои се посилни. Заради оваа причина Бог ги пофалил тие кои под дрвото му се заколнаа на послушност, на Божјиот пратеник, мирот и благословот Божји нека се над него, и нивната искреност ја потврди со зборовите:„Аллах е задоволен со тие верници кои под дрвото ти се заколнаа на верност. Тој знаеше што е во срцата нивни, па спушти спокој врз нив, и ќе ги награди со блиска победа.“ (Ел Фетх, 18)Тој им дал на знаење дека доколку се искрени ќе бидат во можност да го направат и она за кое немале моќ да го направат:„и другиот, што не бевте во состојба да го земете – Аллах ви го даде“ (Ел Фетх, 21)Аллах јасно им рекол дека тие не биле во состојба да ја постигнат таа победа и да дојдат до тој воен плен, меѓутоа Тој, кој апсолутно управува со сѐ, им го овозможи тој воен плен заради нивната искреност.Кога неверниците ја превземаа големата воена опсада на Медина во битката позната со името Ел Ахзаб (Сојузници), опишана во Аллаховите зборови:„...кога ви дојдоа и одозгора и одоздола, кога очите вџашени ви беа, а душата до гркланот ви дојде, и кога за Аллах сешто помислувавте, тогаш верниците беа во искушение ставени и беа потресени со жесток потрес.“ (Ел Ахзаб, 10-11)како лек за оваа состојба Аллах ги посоветува да бидат искрени и силно да веруваат во Аллах:„А кога верниците ги здогледаа сојузниците, рекоа: ,Ова е тоа што Аллах и Пратеникот Негов ни го ветија, и Аллах и Пратеникот Негов вистината ја говореа!' – и тоа само им ги зголеми верувањето, послушноста.“ (Ел Ахзаб, 22) Резултатот на оваа искреност се гледа во следниве зборови на Возвишениот Господар:„Аллах неверниците, полни со гнев, ги одби – ни малку не успеаја, а верниците Аллах од борба ги поштеди – Аллах навистина е Моќен и Силен - а следбениците на Книгата, кои им помагаа, од тврдините нивни ги изведе, и страв во срцата нивни влеа, па едните ги убивте, а другите како заробеници ги зедовте, и ви даде да ја наследите земјата нивна и домовите нивни и богатствата нивни, и земјата по која претходно не чекоревте; Аллах може сѐ.“ (Ел Ахзаб, 25-27)Аллах ﷻ ги помогна и со мелеците и со ветрот, помош за која не беа свесни, а за кои вели:„О, верници, сетете се на Аллаховата благодат кон вас кога војските дојдоа до вас, па Ние против нив ветар пративме, а и војски коишто вие не ги видовте...“ (Ел Ахзаб, 9)Ова е уште еден доказ за вистинитоста на исламот, мала, слаба група на искрени верници победува поголема и посилна група на неверници:„Колку пати малубројните групи ги совладувале многубројните групи, со Аллахова волја!“ (Ел Бекаре, 249)Битката на Бедр, која Аллах ја нарекува Ајет (чудо), Бејјине (доказ) и Фуркан (раздвојување на вистината од невистината), од овој аспект е доказ за вистинитоста на исламот како вера. Аллах ﷻ вели:„Имавте знак во двете групи кои се судрија: едната која се бореше на Аллаховиот пат, и другата, неверничка...“ (Али Имран, 13) ...на денот на битката кај Бедр„...ако верувате во Аллах и во тоа што го објавивме на робот Наш на денот на (Фуркан) одвојувањето на вистината од невистината...“ (Ел Енфал, 41) ...на денот на битката кај Бедр„...неверникот да остане неверник по очигледниот доказ (Ел Бејјине)...“ (Ел Енфал, 42) ...на денот на битката кај Бедр, според мислењето на една група на научници.Нема сомнеж дека малата и слаба група на верници која победува бројна и силна група на верници е доказ дека тие се на патот на Вистината, на кои Аллах ﷻ им помага. За битката кај Бедр, Аллах ﷻ ќе каже:„Аллах и на Бедр ви помогна, кога бевте малубројни!“ (Али Имран, 123)„Кога Господарот твој им вдахна на мелеците: ,Јас сум со вас, па зацврстете ги тие што веруваат! Во срцата на неверниците Јас страв ќе влеам...'“ (Ел Енфал, 12)Верниците на кои Аллах ﷻ им ветил дека ќе им помогне и ќе им подари победа, имаат и свои својства опишани во следниов ајет:„А Аллах сигурно ќе ги помогне тие кои Него Го помагаат – та Аллах е навистина Моќен и Силен.“ (Ел Хаџџ, 40)Истите тој ги разликува од останатите со овие особини:„Тие кои, ако им дадеме власт на земјата, намаз (молитва) ќе извршуваат и зекат ќе даваат и кои ќе бараат да се прават добри дела, а ќе одвраќаат од лошите – а на крајот сѐ Му се враќа на Аллах.“ (Ел Хаџџ, 41) Овој лек на кој укажавме е решение за проблемот на воената доминација на немуслиманите над муслиманите. Во поглавјето Ел Мунафикун, Аллах ﷻ укажува дека тој е лек и за економската потчинетост на муслиманите. Аллах ﷻ вели:„Тие говорат: ,Не давајте им ништо на тие што се со Аллаховиот Пратеник, за да го напуштат!'“ (Ел Мунафикун, 7)Лицемерите сакаа да наметнат економска блокада над муслиманите, на која Аллах ﷻ одговорил со говор во кој е спомнат лекот за оваа блокада – силна верба во Бога и искрено потпирање врз Аллах во секоја ситуација:„А ризниците на небесата и на Земјата се Аллахови, но лицемерите не сфаќаат.“ (Ел Мунафикун, 7)Тоа е затоа што, Оној во чии раце се ризниците на небесата и на Земјата нема да ги остави на цедило оние што бараат прибежиште при Него и кои Му се покорни:„...на тој што се плаши од Аллах, Тој ќе му најде излез и ќе го снабди од каде што не се надева; тој што се потпира на Аллах, Тој му е доволен.“ (Ет Талак, 2-3)На ова Тој понатаму укажува и со овие зборови:„...ако се плашите од сиромаштија, па Аллах, ако сака, од изобилството Свое, богати ќе ве направи.“ (Ет Теубе, 28) 10. Проблемот на поделеноста и неслогата помеѓу срцатаВо поглавјето Ел Хашр (Протерување), Аллах ﷻ појаснува дека причината за поделеноста на срцата е недостатокот на разум. Господарот на световите вели:„Ти мислиш дека тие се сложни, меѓутоа срцата нивни се разединети...“ (Ел Хашр, 14), па потоа објаснил дека причината е:„...затоа што тие се луѓе кои немаат ум.“ (Ел Хашр, 14)Лекот за слабоста на умот и разумот е неговото просветлување со светлото на Објавата, затоа што таа го насочува умот кон добивките кои му недостасуваат на умот. Возвишениот Бог вели:„Зарем е ист тој што бил во заблуда, а кого Ние го оживеавме и му дадовме светло со помошна кое меѓу луѓето се движи, со тој што е во темнината од која не излегува?“ (Ел Енам, 122)Овој ајет појаснува дека светлото на верата е тоа кое дава живот и кое го осветлува патот по кој оди верникот. Аллах ﷻ вели:„Аллах е заштитник на верниците, ги изведува од темнините на светлина...“ (Ел Бекаре, 257)„Дали е на поисправен пат тој што одејќи се сопнува или тој што по Вистинскиот пат исправено оди?“ (Ел Мулк, 22)Постојат многу други Курански пасуси слични на овие. Заклучок:Бенефитите за човештвото со кои е регулиран овој свет во основа се враќаат на три работи:1. Отстранувањето (спречувањето) на штетата, правило кое кај учените спаѓа во доменот на основите на итното и неизбежното, преку кое ќе се заштитат шесте приоритети кои ги спомнавме: верата, животот, разумот, родословието, честа и имотот.2. Прибавувањето корист, која кај учените е позната како основа на потребите, а чии под-категории се: видовите купопродажба, изнајмувањето и сите трансакции кои се однесуваат на добробитта на општеството во согласност со исламскиот закон.3. Добриот карактер и личност со благородни квалитети и добри навики, а кој научниците го ставаат во категоријата комплетирање и разубавување. Во негови под-категории спаѓаат и особеностите на човечката природност, како пуштањето брада и кратењето на мустаќите итн.Негови под-категории се и забраните кои се однесуваат на нечистотиите и наредбата материјално да се помагаат роднините и сиромашните.Никој како што тоа го прави исламот, мудро и сигурно, не тежнее кон заштита на овие категории заради добробитта на човештвото:„Елиф–лам–ра. Ова е Книга чии стихови се усовршени, а потоа разјаснети, од Мудриот и Сезнајниот.“ (Худ, 1)Божјиот благослов и мир нека се над нашиот сакан пратеник Мухамед ﷺ над неговото семејство и над сите негови верни придружници.Сета благодарност му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.[1] Ајет (арапски) - цитат, стих од Куранот, Божји знак. Во понатамошниот текст ќе се користи овој израз.[2] Прашања чијшто одговор е очигледен и нема потреба да се искажува со зборови. (заб. на прев.).[3] Тагут (ар.) – шејтан, ѓавол, сотона, тој што е обожуван покрај Аллах и е задоволен со тоа обожување, тој што ги повикува луѓето да го обожуваат него, тој што тврди (претендира) дека го знае гајбот (невидливото), тој што суди спротивно на исламските закони. Оваа дефиниција е дадена од големиот исламски научник Салих ел Феузан.[4] Ебу Давуд, Ет Тирмизи и Ибн Маџе[5] Одмазда која се врши од страна на државата по претходно утврдена вина со соодветна судска процедура и полноважечка пресуда. (заб. на прев.).[6] За оваа случка детално зборува хадисот кој го пренесува Ел Бера ибн Азиб во Сахихул Бухари, 4/26